Јужноафрикански сајт: Маја Миа пронајдена со прострелна рана во главата

од Nikola Popovski
334 прегледи

Популарната мејкап артистка и инфлуенсерка Маја Миа, починала од прострелна рана во главата, потврди тамошната полиција, пишува јужноафриканскиот портал „News24“.

„Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило на имотот Басонија. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Кај жената била констатирана смрто од страна на болничарите“, изјави портпаролот на полицијата, Мавела Масондо, пренесува порталот.

Порталот пренесува дека нејзиниот вереник за време на настанот бил во домот.

Шокантаната смрт на популарната македонската инфлуенсерка на Инстаграм, чии 1,2 милиони следбеници вклучуваа и познати личности, го остави во тага нејзиното семејство во земјава, како и нејзините пријатели во Јужна Африка, додава јужноафриканскиот портал.

Миа е родена во Македонија, но живеела во Танзанија повеќе од една деценија.

Сефер Цаноски, директорот на ФОН универзитетот, на својот Фејсбук профил соопшти дека таа во петокот сабајле го загубила животот во несреќен случај и информира дека вереникот ветил дека заедно со авион ќе ги донесе посмртните останки да биде достоинствено погребана во својот Охрид.

Слични содржини