Весна Дамева нова претседателка на Судскиот совет

од Nikola Popovski
182 прегледи

Новоизбраната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева порача дека злото наречено корупција мора да се сузбие и дека нема место и втора шанса за корумпиран судија.

Дамева, нагласи дека како претседател на Судскиот совет ќе работи и ќе се труди за исполнување на препораките од Извештајот на Европската Комисија.

-Голем предизвик е да се биде на чело на Судскиот совет во овој реформски процес. По две години ќе ги направам горди членовите на Судскиот совет за дадената доверба, кога ќе покажам дека сум успеала задно со нив, рече Дамева.

Во својата визија, Дамева рече дека приоритет ќе и биде да се направи чекор напред во борбата против корупција.

-Злото корупција мора да се сузбие. Оној судија што е корумпиран врз основа на факти и докази вратата за излез ќе му биде широко отворена. Нема место и втора шанса за корумпиран судија, изјави Дамева.

Новоизбраната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева порача дека злото наречено корупција мора да се сузбие и дека нема место и втора шанса за корумпиран судија.

Дамева, нагласи дека како претседател на Судскиот совет ќе работи и ќе се труди за исполнување на препораките од Извештајот на Европската Комисија.

-Голем предизвик е да се биде на чело на Судскиот совет во овој реформски процес. По две години ќе ги направам горди членовите на Суdскиот совет за дадената доверба, кога ќе покажам дека сум успеала задно со нив, рече Дамева.

Во својата визија, Дамева рече дека приоритет ќе и биде да се направи чекор напред во борбата против корупција.

-Злото корупција мора да се сузбие. Оној судија што е корумпиран врз основа на факти и докази вратата за излез ќе му биде широко отворена. Нема место и втора шанса за корумпиран судија, изјави Дамева.

Слични содржини