За новата моделска година пристигнува новиот Mercedes-AMG S63 E Performance со хибриден погонски систем и дури 802 КС.
Станува збор за комбинација од 4,0-литарски V8 твин-турбо бензински мотор и електричен мотор (се наоѓа одзади), како и батерија од 13,1 kWh (исто така е можно да се вози само во електричен режим, до 33 km).
Вкупната моќност на системот е затоа 590 kW/802 КС и 1430 Nm, при што тешкиот седан од 2595 kg и долг 530 cm забрзува до 100 km/h за 3,3 секунди.
Максималната брзина е ограничена на 250 km/h, но може да се зголеми на 290 km/h со AMG Driver’s Package.
Пакетот вклучува и погон на четири тркала, управување со задни тркала, 9-степен менувач, електронски контролиран LSD диференцијал, воздушно потпирање, карбон-керамички сопирачки, тркала од 20 или 21 инчи, модифицирани браници, Panamericana решетка…
Во внатрешноста има место за четири патници, а тука се и спортските кожени седишта, потпирачите за глава со логото AMG, воланот AMG, инфозабавниот систем MBUX, дигиталната табла со инструменти, како и седум режими на возење Dynamic Select.
Mercedes се уште не ја објавил цената за S63 E Performance, но јасно е дека нема да биде мала.