Електричниот наследник на Lexus LFA ќе има рачен менувач

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Lexus потврди дека развива рачен менувач за електрични возила. Целта е да се понуди во сериската верзија на концептот Electrified Sport, кој се најавува како духовен наследник на моделот LFA.

Покрај рачниот менувач, Lexus подготвува уште повеќе технологија за спортскиот автомобил.

Покрај технологијата „brake-by-wire“ и Direct4 погонот на сите тркала, автомобилот ќе добие и „One Motion Grip“ систем „steer-by-wire“ (кој ја отстранува механичката врска помеѓу воланот и предните тркала). Lexus тврди дека поставувањето обезбедува подобра агилност при мала брзина и стабилност на автопатот.

Спецификациите на погонската единица за моделот сè уште се мистерија. Со погон на сите тркала се очекува да има најмалку два електромотори. Компанијата предвидува дека забрзувањето до 100 km/h ќе биде околу 2,0 секунди.

Исто така, се уште нема информации за батериите, но Lexus предвидува дека досегот ќе биде околу 700 километри.

Lexus се уште не објави кога точно автомобилот ќе биде подготвен за производство.

Во секој случај, со своите смели пропорции и ниска висина, концептот Lexus Electrified Sport ја симболизира иднината на овој луксузен бренд додека го оживува духот на легендарниот Lexus LFA.

Слични содржини