167
На 7 декември 2022 година, министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија.
Во Скопје ќе отвори бизнис форум, кој се одржува под покровителство на министрите за надворешни работи на двете земји.
Министерот Милков заедно со неговиот колега министерот Бујар Османи ќе учествува на заедничкото одбележување на денот на Свети Климент Охридски и ќе разговара со претставници на земјава, пишува бугарското МНР.