Кога Путин ќе го изведе тоа до крај: Нема повеќе дела со ЛГБТ тематика во руските книжарници

од Nikola Popovski
151 прегледи

Книжарниците во Русија од вчера ги отстрануваат делата со ЛГБТ тематика, откако рускиот лидер Владимир Путин потпиша закон со кој значително се прошируваат ограничувањата на активностите за кои се смета дека ги промовираат ЛГБТ правата во земјата.

Во 2013 година, рускиот закон го забрани она што властите го сметаа за ширење „пропаганда на нетрадиционални сексуални односи“ на малолетници, но новиот закон ја проширува таа забрана за да вклучи ширење на такви информации на лица од 18 и повеќе години.

Новиот закон забранува рекламирање, медиуми и онлајн ресурси, книги, филмови и театарски продукции за кои се смета дека содржат таква „пропаганда“, а исто така ги проширува постоечките ограничувања со забрана на ширење информации за промена на полот на малолетници.

Кој ќе го прекрши овој закон ќе мора да плати казна, а доколку луѓето кои не се жители на Русија го прекршат законот, ќе бидат протерани од земјата.

Најголемиот руски ланец на книжарници „Читаи-Город“ и московската книжарница „Республика“ вчера почнаа да ги отстрануваат делата што се однесуваат на „нетрадиционалните односи“, објави независна„Новаја газета Европа“.

Да потсетиме дека овој закон забранува педофилија и нејзино промовирање во Русија.

Слични содржини