Аргентинскиот суд денеска ја осуди потпретседателката на таа земја Кристина Фернандез де Киршнер на шест години затвор поради вмешаност во корупција.
Судиите на Федералниот суд во образложението на пресудата навеле дека Киршнер е „кривично одговорна за дела на корупција при доделувањето јавни работи“, пренесува „Ројтерс“.
Процесот против Киршнер трае со години, а потпретседателката на Аргентина претходно најави дека ќе поднесе жалба на секоја казна.