Костадинов не ја изразува националната позиција на Софија, вели Милков за изјавите дека „Македонија е втора бугарска држава“

од Nikola Popovski
162 прегледи

Сосема сум категоричен дека Костадин Костадинов не ја изразува националната позиција на Бугарија и нејзината Влада. Мојот апел до медиумите во Македонија е да не бидат сконцентрирани кон политичарите кои даваат такви крајни искази. Битен е официјалниот став на Бугарија и ќе се радуваме ако го пренесувате тоа што го мисли мнозинството од бугарското општество и политичарите, вели бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков на прес-конференција со неговиот македонски колега Бујар Османи.

Милков се надева дека бугарските клубови во земјата ќе имаат можност да функционираат нормално.

-Добар знак е бидејќи се зголемуваат. Се истакнуваат своите интереси поврзани со нивната етничка идентификација. Очекуваме од Македонија да биде обезбедена нормална средина за тиа клубови. Очекуваме дека ќе има реакција и од македонската Влада за европско решение за овој начин на здружување, порача шефот на бугарската дипломатија.

Бугарскиот пратеник и лидер на партијата „Преродба“ Костадин Костадинов пред десетина дена на отворањето на Културно информативниот центар на Бугарија во Скопје го повтори радикалниот став дека Македонија е втора бугарска држава, односно треба да бидеме една држава која ќе се протега од Црно Море до Охридско езеро.

– Се разбира, Македонија е втора бугарска држава. Секој Бугарин во Бугарија ја сака Македонија, ние сме еден народ, зборуваме еден јазик и имаме заедничка култура. Јас ништо не ве убедувам, имате глава на рамењата. Јас ви велам, ли како да се чувствувате? Зошто тогаш на луѓето тука кои сакаат да се чувствуваат како Бугари им забранувате така да се чувствувааат? Со вас зборувам еден ист јазик, се разбираме. Јас немам против да чувствувате како Македонци, кажа тој.

 

Слични содржини