Папата заплака за време на јавна молитва поради Украина (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
178 прегледи

Папата Франциск затреперил и заплакал кога ги спомнал страдањата на Украинците за време на традиционалната молитва во центарот на Рим, пренесуваат новинските агенции.

Гласот на папата почна да трепери кога ги спомнал Украинците и морал да паузира околу 30 секунди бидејќи не можел да ги задржи емоциите.

Насобраните, меѓу кои и градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери кој биле веднаш до папата, аплаудирале кога сфатиле дека папата не може да зборува и кога виделе дека плаче.

Папата го понеле емоциите за време на традиционалната молитва на Дева Марија во подножјето на статуа на празникот на Пречистата, национален празник во Италија.

– Пречисто Дево, денес би сакал да ви ја пренесам благодарноста на украинскиот народ – рече тој пред да го совладаат емоциите и пред да направи пауза.

Потоа продолжил: „Наместо тоа, морам уште еднаш да ви ги пренесам молбите на децата, постарите, татковците и мајките, младите од таа маченичка земја, која толку многу страда.

Откако Русија ја нападна соседната земја во февруари, Франциск ја споменува Украина во речиси сите свои јавни обраќања и е сè покритичен кон Москва.

Слични содржини