Радев сака да подигне спомен плоча на Гоце Делчев во Баница, чека одговор од Грција

од Nikola Popovski
247 прегледи

Ќе ја поддржам иницијативата за подигање спомен плоча на Гоце Делчев во селото Баница во денешна Грција по повод 120-годишнината од неговото убиство, што се навршува во 2023 година, изјавил вчера бугарскиот претседател Румен Радев.

-Бугарија и Грција ги оставија настрана сите противречности во минатото и во моментов се модел и пример за стратешко партнерство и разбирање, додал шефот на бугарската држава.

-Не гледам проблем, Грција, која е суверена држава, и се грижи за спомениците на нејзината територија, да даде согласност за таков споменик, особено што Гоце Делчев е бранител на слободата на сите луѓе, без разлика во која земја живееле, рекол Радев.

-За мене иднината на светот е како поле за културен натпревар меѓу народите, ги цитирал Радев познатите зборови на Делчев.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу за БГНЕС изјавила дека „ако има барање за поставување спомен плоча на Гоце Делчев во серското село Баница, надлежните органи ќе го разгледаат“.

Македонскиот револуционер загина на 4-ти мај 1903, токму во Баница.

Слични содржини