144
Денеска (09.12.2022) во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода И.Ч.(43) од Тетово, со живеалиште во Скопје. При петрес во домот во кој живее, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Browing“ со 12 куршуми калибар 7,65 и рамка за пиштолот.
Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.