Донесена Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2022 година

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Владата ја разгледа и донесе Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2022 година и го задолжи Генералниот секретаријат на Владата да ја спроведе Програмата.

Средствата, според предвиденото, ќе се користат за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми во насока на заштита на плурализмот во областа на медиумите, а корисници се печатените медиуми од општ информативен карактер, коишто објавуваат содржина насочена кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања.

Слични содржини