Стојановски: Напливот на дезинформациите се зголеми по руската агресија во Украина

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Дезинформациите и пропагандата треба да се третираат како дел од пошироката слика за националната безбедност, смета Филип Стојановски, директор за партнерства и развој на ресурси во Фондацијата „Метаморфозис“.

Во својот коментар за состојбите со справување со лажни вести за ЦИВИЛ медиа, тој вели дека е важно да се делува системски со вклучување на повеќе фактори.

„Кога разгледуваме повеќе аспекти од дигиталните права, пред се ги гледаме информациите како национална безбедност. И во регионот, и пошироко на европско ниво како и со разни истражувања е утврдено дека навистина имаме наплив од дезинформации. Тие започнаа со поголем интензитет по руската агресија во Украина. Тие не дојдоа само од еден извор, туку, како што може да се забележи има трендови на дезинформирање кои постојат и претходно, а кои што се поврзани или со руски или со проруски извори на информации во западните земји или со преземање на национално ниво со преземање на информации кои што одговараат на одредени центри на моќ“, вели Стојановски.

Слични содржини