Еден од најпознатите спортски новинари почина за време на натпреварот помеѓу Холандија и Аргентина

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Американскиот новинар Грант Вал почина синоќа на натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија, пренесува ESPN.

Светски познатиот новинар, можеби најдобриот што Америка го имаше за „фудбалот“, почина во продолжението од четвртфиналниот меч во својата прес-ложа.

Новинарите кои биле во близина забележале дека Вал легнал на стол, повикале брза помош која брзо пристигнала, но подоцна била констатирана смрт.

Не се чувствуваше добро за време на Мундијалот, тоа го спомна во својот блог од Катар, но и во подкастот.

Рече дека телото го „предало“ од многу работа, замор и малку сон, посетувал лекари и се пожалил на бронхитис.

Вал имаше 49 години, а Светското првенство во Катар беше негово осмо што следеше.

Слични содржини