Иако обожавателите на Мадона се навикнати на нејзините ексцентрични објави, пејачката сега се надмина себеси.
„Само ти (јас)“, напиша Мадона под кратката снимка на профилот, на која прво позира со очила за сонце, а веднаш потоа со маска на лицето и камшик во устата. Но, тоа не беше крајот.
По објавата, таа на своето Инстаграм стори сподели серија фотографии кои збунија милиони следбеници.
„Бебето сака да се вози; Толку висока; Љубов; Заспав; Го молам господинот да ми ја спаси душата“, напиша таа покрај фотографиите кои ги објави.
На фотографиите Мадона позираше во различни пози на креветот. Носеше маска од тантела, камшик, црни панталони, црни ракавици, чизми и маица од тантела под која се гледаа нејзините гради. На една од фотографиите, Мадона позираше со раширени нозе на креветот. Следбениците останаа збунети.
Иако за само 15 часа собрала околу 50 илјади лајкови на објавата, судејќи според коментарите, на фановите не им се допаднале новите фотографии и видеото на пејачката.
Да потсетиме, оваа есен кралицата на попот објави фотографии со своето ново, 40 години помладо момче. Ендрју има 23 години, а тој и Мадона биле забележани како разменуваат нежности на концерт во Њујорк, пишува „Page Six“.