ВИДЕО: Лејди Гага го рекреираше познатиот танц од хит серијата „Wednesday“

од Stefanija Kuzmanovska
485 прегледи

Хит серијата на Нетфликс „Wednesday“ моментално ги руши сите рекорди на гледаност, а ја режираше легендарниот Тим ​​Бартон.

Приказната заснована на животот на Wednesday Adams, која овојпат ја игра брилијантната Џена Ортега, го привлече вниманието на многу гледачи, а особено се издвои една сцена.

Тоа е сцената на забавата во средното училиште каде што таа изведува танц на песната на The Cramps од 1981 година „Goo Goo Muck“.

Нејзиниот танц брзо стана вирален, а многу девојки се потрудија сами да го научат и да ја копираат оваа сцена во своите домови. Она што многумина не го знаеја е дека Џена сето ова го снимала во моментот кога се заразила со коронавирус.

„Ја добив песната околу една недела пред снимањето и едноставно извадив се што можев од неа. Лудо е затоа што тоа ми беше прв ден со ковид, па беше ужасно да се снима. Да, се разбудив и ми беше чудно. Ретко се разболувам, а кога се разболувам е навистина лошо. Имав болки по целото тело“, изјави Џена неодамна за NME.

„Се чувствував како да ме удрил автомобил, а грлото силно ме гребеше. Ми дадоа лекови меѓу снимањата бидејќи ги чекавме резултатите“, додала актерката.

Компанијата „МГМ“ која ја продуцираше серијата, рече дека „се почитуваа сите протоколи за ковид и кога дојде позитивниот тест, продукцијата ѝ даде пауза на Џени од снимањето“.

„Побарав да ја повторам сцената, но немавме време. Мислам дека можев да го направам тоа малку подобро“, истакна Џена.

Дека споменатата сцена стана вирална покажува и фактот дека таа одлично се снајде, па дури и познатата Лејди Гага се обиде да го изведе танцот на Wednesday.

Инаку, Џена Ортега сама ја смислила оваа кореографија.

Слични содржини