Брнабиќ: Сега сите гледаат дека Курти не сака мир и стабилност

од Stefanija Kuzmanovska
173 прегледи

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека сега сите можат да видат дека премиерот на Косово, Албин Курти, не сака мир и стабилност.

„Она што Курти го гледа како закана се нашите постојани повици за мир и стабилност, повици за отворен и искрен дијалог, како и целосно спроведување на секој договор постигнат меѓу Белград и Приштина. Србија има интерес за мир и стабилност“, наведе Брнабиќ на Твитер.

Таа нагласи дека Србија го почитува секој потпишан договор: Бриселскиот договор, Вашингтонскиот договор, резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и Повелбата на ОН.

„Тоа се нашите вредности. Но, вредностите на Курти се следни: Договорот од Брисел – не постои, Вашингтонскиот договор – не е валиден, Резолуцијата 1244 – закана за Приштина. Исто така, за него се човековите права и владеењето на закон – забрана на Србите да гласаат, конфискација на нивниот имот и секојдневна закана за употреба на брутална сила“, истакна Брнабиќ.

Премиерката го цитираше денешниот твит на Курти во кој тој изјави дека „Приштина не сака конфликт, туку дијалог и мир“.

„Меѓутоа, факт е дека сега сите, дури и неговите најголеми поддржувачи од ЕУ и САД, гледаат за што навистина се залага и кои се неговите вредности. Тоа не се ниту мир, ниту стабилност“, наведе Брнабиќ.

Слични содржини