„Ова е 2022 или 2002?!“: Кејти Холмс разочара многумина со стајлингот на црвениот тепих (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
301 прегледи

Иако сме навикнати актери и актерки да зачудуваат од време на време со нивните стајлинзи од црвениот тепих, овој пат Кејти Холмс навистина остави многумина без зборови.

Таа се појави во широки фармерки и црни патики, додека горе носеше топ со машна, кој наликуваше на туника.

Освен што двете парчиња облека воопшто не се совпаѓаат, луѓето се прашуваа зошто таа воопшто решила да се појави во такво нешто.

„Извинете, ова е 2022 или 2002 година?!“, „Што е ова? Можеби мислеше дека само оди на зум состанок“. „Сè уште е убава, единствено, што ѝ се случило со стилот?“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Слични содржини