Што ќе се случи со фабриката на Nissan во Русија?

од Vladimir Zorba
329 прегледи

Поранешната фабрика на Nissan во Санкт Петербург ќе биде под контрола на АвтоВАЗ, а производството се очекува да започне следната година, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на вицепремиерот и министер за индустрија и трговија, Денис Мантуров.

Според информациите, операциите на Nissan во Русија сега се во сопственост на руската државна агенција NAMI. Јапонската марка продаде 53.000 автомобили во оваа земја во 2021 година. Партнерот на Nissan, Renault, имаше мнозински удел во АвтоВАЗ, компанијата која произведува возила Lada, додека управувањето со АвтоВАЗ и го препушти на агенцијата NAMI. Фабриката на Renault во Москва ќе се користи за склопување на автомобили под познатиот бренд „Москвич“ од советската ера.

Што се однесува до Nissan, јапонскиот производител го напушти бизнисот во Русија во октомври, кога најавија дека ќе го предадат целиот бизнис на агенцијата NAMI за едно евро и во таа прилика е забележана загуба од околу 687 милиони долари. Сепак, овој договор му дава можност на Nissan да го откупи својот бизнис за едно евро во следните шест години.

Продажбата вклучуваше фабрика за автомобили и истражувачки центар во Санкт Петербург, како и продажен и маркетинг центар во Москва. Nissan е една од последните големи компании што ја напушти Русија откако земјата испрати десетици илјади војници во Украина во февруари.

Nissan во Русија работи од 2004 година, а фабриката во Санкт Петербург беше отворена во 2009. Покрај моделот X-Trail, таму се произведуваа и SUV моделите Qashqai и Murano.

Слични содржини