Милијардерот Елон Маск доживеал непријатност. Имено, Маск му се придружи на комичарот Дејв Шапел на сцената за време на неговиот настап во Сан Франциско.
Публиката, сепак, не била многу воодушевена и одеднаш поединци почнале да свиркаат.
Never thought I’d see Elon musk and Dave Chappelle together pic.twitter.com/PIbW7HcVxd
— ahmed esmail (@aesmail3) December 12, 2022
На самиот крај од својот настап комичарот го покани Елон Маск на сцената и побара аплауз од публиката за „најбогатиот човек на светот, но покрај аплаузот се слушнаа и свирежи и извици“.
Настапот заврши со Дејв кој го замолил Маск да викне „I’m rich, bitch“. Корисниците на Твитер пишуваат дека 80 отсто од луѓето свиркале после тоа.