400
Посен десерт за љубителите на цимет.
Состојки:
– 300 мл топла вода
– 300 гр шеќер
– 5 лажици џем од кајсии
– 1 кесичка сода бикарбона
– 1 кесичка цимет
– 5 лажици масло
– 400 гр брашно
Декорација:
– џем од кајсии
– ореви
Подготовка:
Сите состојки се мешаат со лажица додека не се добие еднолична смеса, па се истура во длабок плех обложен со хартија за печење.
Се пече во загреана рерна на 150 степени околу 30 минути.
Кога колачот ќе се испече и излади, сечете го на коцки додека е уште во плехот.
Колачот премачкајте го со џем и посипете го со ореви мелени или исечкани по желба.