Курти потврди дека Косово оваа недела аплицира за членство во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
136 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти денеска потврди дека Косово неделава ќе поднесе барање за членство во Европската унија.

„Пред една недела, на самитот во Тирана, ЕУ преку заедничка изјава повика на забрзан процес за членство. Значи, нашата апликација за ЕУ ​​одговара на ветувањето што ЕУ му го даде на регионот за членство од самитот во Солун во 2003 година, но и на одговорот даден пред една недела во Албанија“, рече Курти на седницата на Владата, пренесува „Репортери“.

Курти изјави дека ЕУ е место на мир, еднаквост и напредок и дека, според тоа, „местото на Косово, мирољубиво и демократско, е природно во оваа заедница“.

Слични содржини