Хеликоптер на Кфор прелета над барикадите на Рудар

од Stefanija Kuzmanovska
147 прегледи

Хеликоптер на Кфор со товар ја прелета барикадата што ја поставија Србите на Рудара, денеска нешто пред 12 часот, јавува репортер од „Косово онлајн“.

Порталот наведува дека се претпоставува дека прелетот на хеликоптерот најверојатно бил организиран со цел да се достави храна до припадниците на специјалната единица во Јариње, бидејќи од саботата не функционираат патните комуникации на северот на Косово.

Косовската полиција веќе четврти ден го држи незаконски во базата кај Јариње уапсениот Дејан Пантиќ, кому судијата вчера преку видеоврска без никакво објаснување или докази му изрече 30-дневен притвор за кривичното дело „тероризам“ за кое го товарат.

Слични содржини