Основачот на FTX се соочува со затворска казна до 115 години

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Сем Бенкмен-Фрид, основачот и поранешен извршен директор на FTX и Alameda Research, се соочува со 115 години затвор доколку биде осуден по сите осум точки од федералното обвинение.

Обвиненијата против него, вклучувајќи измама, заговор и перење пари, предвидуваат максимална затворска казна од 20 години, се вели во соопштението за печатот на американското обвинителство за јужниот округ во Њујорк.

Основачот на платформата за тргување со крипто, исто така, може да се соочи со затворска казна до пет години за секое обвинение за заговор за извршување стоковна измама и измама со хартии од вредност, и заговор за измама на Соединетите држави и кршење на законите за финансирање на кампањата, доколку биде осуден.

Дури и ако биде осуден по сите точки од обвинението, Банкмен-Фрид најверојатно нема да ја добие максималната казна, а неговите казни за секое кривично дело би можеле да течат истовремено наместо последователни, како што е вообичаено и по дискреционо право на судијата, пренесува Си-Ен-Ен.

Банкмен-Фрид беше уапсен на Бахамите на 12 декември по налог на американските обвинители, еден ден пред да сведочи пред Конгресот за ненадејниот колапс минатиот месец на една од најголемите берзи за криптовалути во светот.

Апсењето претставува неверојатен пад за 30-годишниот претприемач кој стана милијардер тргувајќи со биткоин и други дигитални средства.

Слични содржини