Таткото на Меган Маркл навреден по новата епизода од документарецот: „Сè уште сум жив“

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Документарната серија „Хари и Меган“, во која војводата и војвотката од Сасекс открија бројни шокантни детали од нивниот приватен живот, привлекува се поголемо внимание кај јавноста.

Особено внимание привлече репликата на Хари во која тој изјави дека „Меган нема татко“. Ова многу го погодило Томас Маркл, кој веднаш се огласи по тој повод.

„Сè уште сум жив, овде, во истата куќа и со истиот телефонски број“, изјави тој за „Дејли Мејл“.

Тој се осврна и на темата за средба со своите внуци, Арчи и Лилибет.

„Тие имаат баба и дедо и мислам дека тоа е прашање на семејството кое треба да го реши. Секогаш ќе ја сакам ќерка ми“, изјави Маркл.

Тој исто така нагласи дека неговиот телефон не бил хакиран на денот на свадбата на неговата ќерка како што се тврди. Тие тврдења ги изнела самата Меган, а како главен „доказ“ гледала дека во пораките кои биле напишани татко ѝ го користел нејзиното полно име, а не само Мег, како што обично ја нарекува.

„Го напишав секој збор од таа порака додека лежев во болнички кревет по два срцеви удари. Освен тоа, и порано го користев името на Меган, кога работите се сериозни“, заклучи Томас Маркл за споменатиот медиум.

Слични содржини