Uber го претстави своето роботакси

од Vladimir Zorba
274 прегледи

И покрај бројните проблеми, вклучувајќи го и падот на интересот на јавноста за самоуправувачките автомобили, Uber не се откажува од идејата за целосно автоматизирана транспортна услуга.

Uber сега се здружи со Motional, стартап на Hyundai и Aptiv, за да обезбеди автоматска услуга за возење преку самоуправувачки возила во Лас Вегас. Според Indeх, лансирањето на услугата robotaxi е дел од 10-годишната соработка која ќе ги комбинира самоуправувачките автомобили на Motional, Hyundai Ioniq 5, со платформата за транспортна услуга Uber.

Двата субјекти ја завршија тест фазата за Uber Food уште во мај, во Санта Моника, Калифорнија. Сега услугата на возење во самоуправувачки автомобил можат да ја искусат корисниците на платформата Uber во Лас Вегас, пишува Automotive News Europe. Компанијата известува дека проектот за услуга на роботакси ќе се прошири и во Лос Анџелес.

Да потсетиме, Uber го продаде својот оддел за автономни возила пред две години, а последниот потег покажува дека тие не се откажале од идејата. Ова е особено значајно затоа што натамошниот развој на автономните возила е запрен од многу други гиганти. Ford и Volkswagen го прекинаа проектот Argo AI, а неодамна Apple објави дека го одложува крајниот рок за развој на електрично возило, како и напуштање на системот за автономно возење Ниво 5.

„Автономните возила сè уште се реалност што можеме да ја очекуваме, но тоа нема да се случи преку ноќ“, рече во интервјуто Ноа Зих, глобален шеф за автономна мобилност и испорака на Uber. „Како што ние во Uber гледаме на тоа, тоа ќе биде хибридна мрежа со мешавина од автомобили без возачи и луѓе возачи, и тоа за многу, многу долго време“, рече тој.

Потсетуваме дека Uber и Lyft ги одложија своите планови за лансирање на флота од целосно автономни возила. Двете компании моментално работат со Motional, специјалист за технологија за автономно возење.

Слични содржини