Скандал: Осуден педофил се вратил во училиште и пак предава, платил казна за да не остане зад решетки

од Nikola Popovski
264 прегледи

Наставник по физичко образование во основно училиште во Сараево, БиХ е вратен на работа , иако претходно бил осуден на една година затвор за извршени полови дејствија.

Имено, пред три години родители на ученичка пријавиле професор по физичко во Сараево откако виделе непримерни фотографии и пораки кои тој ѝ ги испраќал.

Наставникот е задржан во притвор, а во 2018 година со првостепено решение е прогласен за виновен. Обвинителството по првостепената пресуда не предложило никакви мерки професорот да продолжи со работа додека ја чека второстепената пресуда.

По правосилната пресуда во ноември минатата година и една година затвор и една година забрана за настава, уредно ја платил казната и бил пуштен без да оди зад решетки.

Судот му издал и потврда за неспроведување на кривична постапка со која му биле дадени сите услови непречено да ја извршува тековната работа.

Во текот на судскиот процес професорот и официјално бил на неплатено отсуство, пишуваат босанските медиуми.

Како што се наведува, законот не е јасно регулиран, па затоа училиштето не успеало да го спречи осудениот педофил да се врати на настава.

Слични содржини