ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Арсовска, Левица и ДУИ се главни продуценти на хаосот во Скопје

од Nikola Popovski
138 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ смета дека „коалицијата“ на СДСМ со Данела Арсовска, Левица и ДУИ се главните продуценти на хаосот во град Скопје.

-СДСМ и ДУИ кои поинаку и не знаат да работат под своја контрола си ја зедоа Арсовска, а на помош им дојде и Левица во урнисувањето и безредието во Скопје. Нула работа и еден куп стопирани проекти, долгови и матни тендер зделки е сликата која ја создава оваа крими коалиција, а за жал сето тоа оди на штета на скопјани, но и на цела држава, порачаа утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, „Левица и ДУИ ништо не прават за добро на градот, туку напротив помагаат истиот да се уништува“.

-Директор на ЈП Паркови и зеленило е Зухјер Реџепи од ДУИ. Директор на ЈП Улици и патишта е Саид Саид од ДУИ. Директор на Градска библиотека Браќа Миладиновци е Снежана Стојчевска од Левица. Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица. Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица. Заменик директор на Градски паркинзи е Сенада Ибраимова од Левица. Директор на Градски паркинзи е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ. Додека директор на ЈСП Александар Стојковски од СДС, партијата која има целосна контрола над Арсовска и градот, ги набројаа кадрите од најголемата опозициска партија и побараа оставка на Арсовска за да дојде нов градоначалник.

Од владеачката партија вчера одговорија дека „ВМРО ДПМНЕ за само една година во Скопје направи пепел и го доведе градот до состојба да не може да ги обезбеди ниту основните функции“.

Оттаму посочуваат дека „Додека во градот владее хаос, тие се скараа за бизнис интереси, тендери и провизии, чии раце да бидат во медот. Од кавгата меѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска произлегоа скандалозни закани и навреди. Според сведоштвата на Арсовска, Мицкоски и се заканувал дека ќе ја влече по улици и со неа под ќе брише“.

Слични содржини