Велешката полиција соопшти дека е приведен 29 годишниот возачот на „мерцедесот“ со кој беше усмртено 11-годишно девојче и тешко повредена нејзината мајка. Девојчето починало од здобиените повреди.
Возачот кој што ја предизвикал сообраќајната несреќа воопшто не запрел, туку со голема брзина го напуштил местото на настанот. Тој два дена беше недостапен за полицијата.
„По преземени мерки и активности, велешката полиција денеска во 11:30 часот во Велес го лиши од слобода велешанецот.(29) кој на 17-ти овој месец околу 22.15 часот на ул. ‘Борис Трајковски’ во Велес со патничко возило ‘мерцедес’ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И. (43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото. Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди“, информираат од МВР.
Во полициското соопштение е наведено дека по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.