Маск повикан во Брисел на отворена размена на мислења со пратениците

од Stefanija Kuzmanovska
147 прегледи

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола денеска испрати писмо до сопственикот на „Твитер“, Елон Маск, и го покани да дојде во Европскиот парламент на „јавна отворена размена на мислења“ со пратениците.

„Твитер“ игра централна улога во демократскиот живот на Европската унија и овозможува граѓански дискурс, поради што не треба несвесно да стане катализатор за говор на омраза, дезинформации и мешање во избори, се вели во писмото до кое „Политико“ имал пристап.

Во ноември Мецола го прифати барањето на либералите во Европскиот парламент да го покани Маск и тогаш изјави дека е уверена дека тој ќе ја прифати поканата.

Писмото е испратено откако низа хаотични и контроверзни мерки, вклучително и масовни отпуштања, суспензија на новинари и промени на правилата на платформата, предизвикаа узбуна во Европа.

„Социјалните платформи не можат да ги променат политиките. Им наложив на тимовите на Европската комисија да го спроведат законот за содржина на ЕУ и Законот за дигитални услуги најдоцна од 1 септември 2023 година“, напиша денеска на Твитер европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон.

Иако Европската унија донесе неколку закони за заштита на приватноста на луѓето на интернет и ги принуди социјалните платформи да се борат против дезинформациите и нелегалните содржини, регулаторите засега имаат ограничени опции за решавање на растечките проблеми со социјалните мрежи.

Слични содржини