Не се направени дополнителни анализи за тоа во која насока треба да одат цените на патарините, вели Бочварски

од Radmila Tasevska
203 прегледи

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на новинарско прашање дали ќе има поскапување на патарините одговори: „Во овој момент немаме направено дополнителни анализи за тоа во која насока треба да одат цените на патарините. Во регионот во некои држави цените на патарините растат, кај нас остануваат исти“.

Според него, во овој момент е важно да продолжи изградбата и рехабилитацијата на патната инфраструктура со силна динамика за да го фатиме чекорот со развиените европски земји во делот на патната инфраструктура.

Министерот за транспорт потсети дека ценовните шокови направија проблеми во целиот систем на градењето и градежништвото. Тоа, укажа, се почувствува најмногу во изградбата на патната инфраструктура бидејќи во текот на оваа година осцилираат и се покачија енормно цените на градежните материјали, на железото, на асфалтите, на бетоните.

Слични содржини