Европа ја доживува најголемата епидемија на птичји грип

од Nikola Popovski
242 прегледи

Повеќе од една година Европа ја доживува најголемата епидемија на птичји грип досега забележана на нејзина почва, објавија европските здравствени власти, додавајќи дека 50 милиони живина се убиени во заразените фарми, пренесува N1.

– Од октомври 2021 до септември 2022 година, Европа беше погодена од најголемата епидемија на високопатогена птичји грип – се вели во извештајот на Европската управа за безбедност на храната, Европскиот центар за превенција и контрола на болести и референтната лабораторија на Европската унија.

Во извештајот се додава дека 37 европски земји се погодени од вирусот и дека на фармите се откриени 2.500 фокуси.

Се проценува дека бројот на заразени живина, кокошки, мисирки и патки е многу поголем од 50-те милиони животни убиени превентивно.

Во периодот од 10 септември до 2 декември 2022 година, забележани се речиси 400 епидемии на фарми во 18 европски земји. Најпогодени се Франција, Велика Британија и Унгарија.

Вирусот е откриен и кај дивите птици, особено кај водните птици, како што се патките и лебедите, а тоа веројатно придонело за ширење на птичјиот грип на фармите, се додава во извештајот.

Слични содржини