Македонски Концепт ја промовираше партиската Доктрина

од Nikola Popovski
218 прегледи

Политичката партија Македонски Концепт, вчера 20.12.2022 година ја промовираше партиската Доктрина. Според партијата, тоа е клучен стратешки документ на партијата, кој ќе биде целосно достапен на јавноста, ја одредува партиската идеологија и истиот ќе биде рамка за следните изборни програми.

-Новата политичка партија Македонски Концепт се декларираше како прогресивна десница, а за своја официјална идеологија – прогресивниот патриотизам.

На промоцијата свое обраќање имаше националениот тим лидер на Македонски Концепт, Петар Богојески кој истакна дека големиот број на присутни на настанот е доказ дека граѓаните го согледале излезното решение, кое е уникатно и го нуди само таа партија и дека успехот им е на дофат со можност да се запишат со големи букви во македонската историја, соопштија од Македонски концепт.

Од таму додаваат дека обраќања имале и низа партиски тим лидери на повеќе партиски структури, вклучително и од дијаспората од САД и ЕУ, како добитници на благодарници за нивното активно учество во процесот на регистрација на Партијата.

-Растот на партијата е незапирлив, со јасна визија и цел! Нема да застанеме до целосна реализација на нашата визија, впишана во нашата Доктрина. За таа цел, ова што вечерва го започнавме тука во Скопје, продолжува низ цела Македонија, порачуваат од Македонски концепт.

Слични содржини