Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека НАТО ги користи сите свои капацитети против Русија и посочи дека Москва ќе ги исполни сите цели на воената операција во Украина.
„Денес е добро познато дека воениот потенцијал и способностите на речиси сите поголеми членки на НАТО активно се користат против Русија“, рече рускиот претседател во своето обраќање на завршниот колегиум на Министерството за одбрана, пренесува ТАШ.
Путин рече дека Русија ќе продолжи да го зајакнува својот воен потенцијал и дека ќе се обезбеди безбеден живот на граѓаните во земјата, „вклучувајќи нови територии“, пренесува Спутник.