Ковачевски: Гледавме како од тефтери бираа судии, сега тоа го нема

од Nikola Popovski
162 прегледи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска ја обвини „опозицијата дека 11 години претходно воопшто не зборувале за правосудство“.

-Тие зборуваат за правосудство само кога се опозиција. Кога беа на власт, гледавме како од тефтери бираа судии. Тоа сега го нема. Ниту пак додека сум премиер ќе го има. За сите одлуки кои што ги носат правосудните органи, прашањата треба да бидат упатени кон нив, како што за довербата на граѓаните во Владата, прашањата се упатуваат до мене, изјави премиерот на прес-конференција во Владата.

На прашањето дали можеби размислува за реконструкција на Владата, рече дека не е планирано такво нешто.

– Сега е период кога се подготвуваме за идната година. Интензивно ги презентираме буџетите на секое министерство поединечно. Владат е во полн капацитет за да се справи со предизвиците, со кои што не се соочувала веројатно ниту една Влада на економски и енергетски план, порача Ковачевски.

Слични содржини