Основачот на крипто берзата FTX се согласи да биде екстрадиран во САД

од Stefanija Kuzmanovska
185 прегледи

Основачот на крипто берзата FTX, Сем Банкмен-Фрид, се согласи да биде екстрадиран во САД, каде што се соочува со обвиненија за измама, се наведува во неговата изјава прочитана од неговиот адвокат на судското сослушување на Бахамите денес.

Во изјавата потпишана на 20 декември, 30-годишниот Банкмен-Фрид навел дека одлучил да се согласи на екстрадиција делумно поради желбата да ги испочитува релевантните клиенти, објави „Ројтерс“.

Сослушувањето за екстрадиција на Банкмен-Фрид беше одложено денеска, откако основачот на берзата за криптовалути изјави дека се согласил да биде екстрадиран во САД.

Слични содржини