Tesla планира да отпушти уште работници

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Американската компанија за производство на електрични автомобили Tesla ги суспендира новите вработувања и планира да отпушти повеќе работници во следниот квартал, објави американскиот информативен портал „Елекрек“.

Во јуни медиумите објавија дека извршниот директор на Tesla, Елон Маск, побарал од менаџментот на компанијата да го намали бројот на работници за 10 отсто од економски причини.

Според денешните берзански резултати, приходите на компанијата паднале на 435 милијарди долари, а акциите паднале за повеќе од 60 отсто, наведува агенцијата „Срна“.

Дополнително, на крајот на октомври Маск го заврши купувањето на Twitter за 44 милијарди долари. Медиумите пишуваат дека падот на вредноста на акциите на Tesla може да се објасни со стравот на инвеститорите дека Маск ќе посвети поголемо внимание на Twitter, што би имало негативно влијание врз бизнисот на Tesla.