Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска изјави дека Германија станала страна во конфликтот во Украина и не може да учествува во преговорите меѓу Москва и Киев како „непристрасен посредник“.
„Заедно со повиците за разговори, германското раководство продолжува да испраќа оружје до режимот во Киев, проактивно обидувајќи се да ја олесни економската војна на Европската унија против нашата земја. Всушност, Германија се претвори во страна во конфликтот, така што не може да ја преземе улогата на непристрасен посредник“, рече Захарова на прес-конференција, пренесува ТАСС.
Захарова изјави дека „ниту една иницијатива што Берлин ја предлага и ниту една улога што тој сака да ја преземе не е можна без согласност на САД“.