Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, го пречека чешкиот амбасадор во земјава, Јарослав Лудва.
Ахмети и Лудва разговараа за конструктивна меѓудржавна соработка, актуелната политичка состојба во земјата, напредокот што земјата го постигна во процесот на евроинтеграции, важноста на оперативната компактност на политичкиот фактор во земјата за донесување на уставните измени, спроведувањето на потребниот реформски процес и војната против криминалот и корупцијата.
Првиот човек на ДУИ во оваа прилика и се заблагодари на Чешка што секогаш ја поддржува европската перспектива на земјата и побара продолжување на ваквиот став во одлучувачките процеси што следат.
Тој, меѓу другото, истакна дека Демократската унија за интеграција со сиот свој кадровски и програмски потенцијал останува посветена на одржување на проевропската конзистентност на дејствување, на одобрување на уставните измени кои го зајакнуваат внатрешниот демократски консензус и за натамошно зајакнување на односите на добрососедство.
Проевропското мнозинство во земјава е подготвено да ги примени сите потребни механизми за спроведување на реформскиот процес во согласност со интеграциската рамка и за зајакнување на борбата против криминалот и корупцијата.
Ахмети на амбасадорот Лудва го изразил ставот на Демократската унија за интеграција за спроведување на вистински процес на ветинг на сите минати, сегашни и идни политичари, судии и обвинители, како единствен процес на објективно филтрирање и одржување на кредибилитетот на институциите.
Лудва го изразил ставот на Чешката Република за продолжување на поддршката на земјата до целосно финализирање на аспирацијата за интеграција во Европската Унија.