Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против Р.А. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „фалсификување на службена исправа“ по член 361 од Кривичниот законик.
„Пријавениот, поранешен вработен во Одделот за управни работи при МВР – Отсек за управни работи Тетово, на 01.10.2021, 04.10.2021 и 20.12.2021, со намера да се стекне со противправна имотна корист, ја искористил својата шифра за влез во системот, внел податоци во обрасците, изготвил сообраќајна дозвола и извршил промена на регистарските таблички на патничко моторно возило „цитроен“, без притоа да ја обезбеди потребната документација, што е спротивно на законските одредби. Воедно, при вршењето на проверките, било утврдено дека досиејата од првата и втората регистрација на возилото не се пронајдени, односно дека пријавениот ги изгубил“, соопшти МВР.