Ковачевски: АД ЕСМ годинава го зголеми производството за 27%, во 2023 година планираме уште дополнителни 20%

од Radmila Tasevska
187 прегледи

На состанокот со фирмите членки на Стопанската комора на Северна Македонија, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, ги извести присутните за состојбата со домашното производство на електрична енергија и дека АД ЕСМ целосно, со сопствено производство, ги снабдува граѓаните и малите потрошувачи, односно регулираниот пазар.

„Иако законот за 2022 г предвидуваше да обезбедиме 60% од електричната енергија, сепак по препорака на Владата ние обезбедуваме 100% и дополнително обезбедуваме енергија за загубите за Електродистрибуција и Мепсо, училиштата, јавни претпријатија и прехранбената индустрија и други витални институции во државата. АД ЕСМ оваа година го зголеми своето производството за 27%, во услови на криза и отежнатост на работа и недостаток на енергенси“-рече Ковачевски.

Во овој момент работат сите капацитети во државата освен Блок 3, кој ќе биде ставен во употреба за 10-тина дена. Во исто време ќе работат три блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино со полн капацитет и гасната електрана Енергетика-Когел со полн капацитет, односно се е ставено во употреба во услови на криза.

Ковачевски нагласи дека за 2023 г ЕСМ планира да го зголеми производството за уште 20% споредено во оваа година.

Според генералниот директор Ковачевски, потребно е да се најде начин да се обезбедат дополнителни ресурси за да се обезбеди дополнителна електрична енергија за стопанството, односно да се помогне со пониски цени на струјата, со оглед на тоа што кризата ќе биде присутна и следната година и никој не може да знае кога ќе заврши, а државата мора да биде подготвена.

Слични содржини