Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди провинцијата Јужен Хорасан, на истокот на Иран, јави Анадолија.
Земјотресот, чиј епицентар бил во близина на градот Босруја, е регистриран во 16:54 часот по локално време, објави иранската агенција ИРНА.
Наведено е дека земјотресот е регистриран на длабочина од осум километри.