Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да преговара со сите учесници во процесот во Украина за прифатливи резултати, но дека тие одбиваат да преговараат.
Во интервју за телевизијата „Русија-1“, Путин, одговарајќи на прашањето дали се приближуваме до опасна линија во однос на ситуацијата во Украина, рече дека тоа не го смета за толку опасно и дека Русија дејствува во интерес на граѓаните, пренесe РИА Новости.
„Мислам дека тоа не е толку опасно. Мислам дека постапуваме во вистинска насока, ги штитиме нашите национални интереси, интересите на нашите граѓани, нашиот народ. И едноставно немаме друг избор освен да ги заштитиме нашите граѓани “, истакна рускиот лидер.