Блесна подводната новогодишна елка во Охридското Езеро

од Radmila Tasevska
175 прегледи

Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид во Музејот на вода традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка и на сите граѓани на Република Македонија им ја честитаат новата 2023 година.

Како и секоја и оваа нова 2023 година нуркачите од Амфора им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.

Посетителите на Музејот на вода елката ќе можат да ја видат од денес па се до крајот на јануари.

Слични содржини