Рекордни снежни врнежи во Јапонија: 17 загинати, десетици повредени

од Stefanija Kuzmanovska
122 прегледи

Рекордните снежни врнежи во многу делови на Јапонија однесоа животи на 17 лица, има повеќе од 90 повредени, а стотици домаќинства оставија без струја, соопшти денеска Јапонската агенција за управување со пожари и катастрофи (ФДМА).

Од минатата недела, снегот силно паѓа, особено во северните делови на Јапонија, предизвикувајќи голем сообраќаен метеж на автопатите и доцнење на доставите.

До саботата, 24 декември, зимската бура однесе 11 животи, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини