Белорусија: Ракетните системи Искандер и С-400 подготвени за извршување задачи

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Ракетните системи Искандер и противракетните воздушни системи С-400, кои Русија ги префрли во Белорусија, се подготвени да ги извршуваат своите задачи, изјави денеска Леонид Касински од министерството за одбрана на Белорусија.

„Овие типови на оружје (Искандер и С-400) се во режим на борбена готовност и 100 отсто подготвени за извршување задачи“, навел Касински на Телеграм.

Ракетниот систем Искандер има дострел до 500 километри и може да носи нуклеарни боеви глави, а Украина и Полска, кои се членки на НАТО и се граничат со Белорусија, се особено ранливи, наведува „Ројтерс“.

Системот за противракетна одбрана С-400 користи четири проектили на лансирната рампа, односно четири различни дострели. Има способност да детектира стелт авиони на оддалеченост од околу 150 километри, пренесува „Танјуг“.

Касински изјавил и дека авијацијата на Белорусија е адаптирана за да може да носи, како што наведе, „специјална муниција“.

Слични содржини