Тренчевска: Продолжуваме да вложуваме во политики кои го унапредуваат квалитетот на животот на децата

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со децата од групните домови при Јавните установи 25мај и 11 октомври беше во посета на Крушево.

Во текот на целодневната дружба, децата имаа можност да се возат со жичарницата, што за некои од нив беше прво искуство. Иако немаше снег и немаше можност за уживање во вистинска вистинска зимска идила, во Крушево денеска беше преубав сончев ден исполнет со многу насмевки.

Денешната посета беше можност и за посета на вечното почивалиште и спомен куќата на Тоше Проески.

Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски и децата од групните домови положија свежо свеќе и оддадоа почит кон делото на Тоше.

Спомен куќата на Тоше Проески, беше навистина интересно искуство за децата. Тука можеа да слушнат дел од животот на Тоше и да видат одблиску дел од неговите лични предмети.

Заедничката предновогодишна дружба беше заокружена со убава храна и песна, овозможена од Фондација Заев-Едно општество за сите.

Како Влада и ресорно министерство во чија надлежност е грижата за ранливите категории продолжуваме да креираме политики и мерки кои го унапредуваат квалитетот на нивниот живот.

Слични содржини