219
Кремаст десерт со бадеми.
Состојки:
– 250 гр слатка павлака
– 135 гр чоколадо
– 50 гр мелени бадеми
– 200 мл шлаг
Подготовка:
Загрејте ја слатката павлака додека не зоврие.
Потоа додадете го ситно сечканото чоколадо, па мешајте додека чоколадото не се растопи, па додадете ги бадемите.
Се прелива во чаши и се остава на ладно да отстои околу три часа.
Изматете го шлагот, ставете го во шприц и украсете го мусот, па повторно ставете го во фрижидер до сервирање.