Премиерот на Косово Албин Курти изјави дека на КФОР му истекува времето за отстранување на барикадите на северот на Косово, пишува приштинска „Коха“.
Тој на состанокот на неговиот кабинет навел дека барикадите се незаконски, неприфатливи и нема да се толерираат.
„Принципот што го попречува слободното движење не може да опстане“, рече Курти, додавајќи дека Приштина нема да разговара и нема да соработува со, како што рече, „криминалците кои поставиле барикади на северот, туку ќе ги уапси“.