„Српска листа“: Србите не се повлекуваат од барикадите, иако претседателот смета дека тоа би било добро

од Vladimir Zorba
243 прегледи

Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, по разговорот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србите одбиваат да се повлечат од барикадите, иако претседателот Вучиќ смета дека тоа би било добро.

„Само што ги завршивме разговорите со претседателот Вучиќ, сега ќе разговараме со нашите луѓе на Косово и Метохија. Добивме важна вест за ослободувањето на Пантиќ, Недељковиќ и останатите уапсени лица, успеавме да ги прочитаме гаранциите на Европската Унија дека нема да има апсења за учество во барикадите, како и гаранцијата на КФОР дека Косовските безбедносни сили нема да дојдат на север без наша согласност“, рече Ракиќ за ТВ Пинк.

Тој додаде дека претседателот Вучиќ смета дека е добро да се отстранат барикадите, но дека Србите не и веруваат на владата на Курти или на меѓународните гаранции, туку само на Вучиќ.

„Го поканувам претседателот да дојде на разговорите во Рашка и да го сослуша народот од барикадите, затоа што му веруваме само на претседателот Вучиќ“, рече Ракиќ и додаде дека барањата ќе ги изнесе вечерва.

Слични содржини